Поврзете се со нас

Свет

КОМНЕБОЛ ги одложи мартовските квалификации, меѓу кои и дербито Бразил-Аргентина

Објавено

на

blank

Јужноамериканската фудбалска конфедерација денеска објави дека ги одложува мартовските квалификации за Светското првенство во Катар.

Селекциите од Јужна Америка требаше да ги продолжат квалификациите во периодот кога ваков тип натпревари ќе се игра и на другите континенти, но КОМНЕБОЛ и ФИФА се согласиле дека во моментов најдобра одлука е натпреварите да биде играни во друг термин.

Причината секако е ситуацијата со коронавирусот односно комплицираната ситуација во однос на патувањата, карантините и навременото враќање на фудбалерите во клубовите.

Ова значи дека е одложено и долго очекуваното дерби меѓу Бразил и Аргентина кое требаше да се игра на 31. март, а засега не е познато кога би се одиграле одложените натпревари кои беа планирани за месецов.

Многу европски клубови најавија дека нема да им дозволат на скапо платените фудбалери да патуваат во своите земји, бидејќи по враќањето ќе треба да поминат одреден период во карантин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни