,,Комити” со специјален настан ја најавија прославата јубилејот од ,,30 Години Комити Запад” и ,,70 Години ФК Вардар” (Видео)

komiti zapad

Навивачката група ,,Комити”  полека, но сигурно се подготвуваат за големиот спектакл по повод јубилејот од  ,,30 Години Комити Запад” и ,,70 Години ФК Вардар”. По тој повод тие запалија 87 факели како потсетување на годината кога беа формирани, во траење на 47 минути за потсетување на годината откога постои ФК Вардар. Тоа се случуи вчера после 21 часот, каде сите застанати во колона во должина од 500 метри започнувајќи од водоводот на Гази Баба до железарскиот рид. Во објавата на ,,Комити” се вели

– Колоната беше поставена од Водоводот на Гази баба до Железарскиот рид во една линија од над 500 метри…Јубилејот се најави не случајно над Чаир, од таму потекнуваат едни од најсилните Комитски екипи кои во некои други времиња значеа многу во градов, значеа многу кога Чаир беше средина каде владееја Црвено-Црните бои на Вардар, кога Чаир беше артеријата на градот Скопје, населба атрактивна за живеење, старо Скопје со посебен шмек и традиција, со свој белег и препознатливост.

И понатаму во објавата се вели, дека се упатува покана до сите кои имаат комитска крв во себе да дојдат на Градски стадион на 19 ноември.

– Секој од нас има задача и чест покани по некој Комита и да го потсети дека на 19.11.2017г. Градски Стадион ќе еруптира, Скопје ќе гори, Македонија ќе се сеќава, регионот ќе прераскажува, а Европа и Јужна Америка ќе чујат дека на Балканот постои држава со име Македонија, и тоа е земјата каде живеат и делуваат Лудите Фанатици со име Комити Запад!, – пишува на фан страната на навивачката група ,,Комити”.

Facebook Коментари