Македонија
Комити собраа над 3 милиони денари за спас на клубот: Вардар ќе живее се додека ги има фановите зад себе!

Верните „Комити“ направија фешта на националната арена „Тодор Проески“ откако го распродадоа цел капацитет на стадионот за дерби натпрварот со Пелистер, акција со која овозможија првиот тим и натаму да функционира и да биде дел од елитата.
Навивачката група „Комити“ денеска имаше своја отчет до јавноста и организираше прес-конференција на која се појавија и играчите од првиот тим и тренерот Никола Илиевски Џиџи, а на истата беше точно откриено колку билети биле продадени во акцијата „Купи билет за спас за Вардар“.
Од продадените 33 илјади и 338 билети, собрани се 3 милиони и 338 илјади денари, што во противредност е нешто повеќе од 50 илјади евра кои се пренаменети за исплаќање на платите на фудбалерите.
– Сакаме да искажеме благодарност до сите оние кои ја поддржаа оваа наша акција. Го распродадовме цел стадион, цела оваа акција се покажа како сеопфатен подвиг, акција поддржана од цел народ. Продадовме 33.381 и со тоа е урнат рекорд на било кој спортски натпревар во нашата земја. Вардар ќе продолжи да живее, иако некој тоа не го посакуваше. Вардар ќе живее се додека го има народот зад себе. Успех ќе биде да опстанеме и ние веруваме во овие играчи, – изјави Милорад Миленковски, претставникот на „Комитите“.
– Им благодарам на организаторите на оваа ацкија и на сите оние кои купија билет за Вардар. Покажаа дека Вардар за многумина претставува љубов. Мора да им се заблагодариме и на стручниот штаб и на играчите, но оваа ситуација не е решена. Мора да се надминат овие проблеми, мора да реагираат градот и државата и да се поддржи работата ан „Комитите“. Со оваа акција се продолжи животот на Вардар, се надеваме дека брзо ќе има решение на ситуацијата, – изјави Никола Илиевски.
-
Германијапред 21 час
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 18 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Англијапред 19 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Светпред 16 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Шпанијапред 17 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 22 часа
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)
-
Италијапред 5 часа
Инѕаги ги израдува фановите на Интер: Нема веќе продавања, ќе донесеме само уште еден играч
-
Англијапред 23 часа
Тен Хаг ја затвори вратата за големата трансфер цел на ПСЖ, па се осврна на Роналдо: Ќе видите утре….