Македонија
„Комити“ со видео докази испратија голема забелешка до Еурофарм Пелистер, но и јавна пофалба до „Чкембари“
Ракометното дерби кое се одигра во саботата донесе две различни полувремиња на натпреварот во Битола, па иако Еурофарм Пелистер ризикуваше да направи од „готово-вересија“, на крајот сепак успеа да издвои победа против Вардар.
Вечното дерби во нашата земја повторно беше главна тема на разговор во македонската јавност, тоа продолжува и по крајот на мечот кој заврши со резултат 35:33.
Навивачката група „Комити“ се пожали дека добила ужасен третман и наишла на бруталност од безбедносните лица при самото влегување во салата, а во официјалното соопштение во иднина побара подобра организација од домаќинот Еурофарм Пелистер, но испорача и една јавна пофалба до навивачката група „Чкембари“.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
– На вчерашниот натпревар, одигран во Битола, повторно бевме сведоци на лоша организација и низа на пропусти, како од страна на домаќинот, така и од страна на СВР Битола.
– Првично, би сакале да напоменеме дека пред самиот влез на Битола, пристигнавме речиси еден час пред натпреварот, но под изговор дека се чека дозвола од страна на сообраќајната Полиција од Битола, бевме држени се до 17:55ч. кога на само пет минути пред почетокот на натпреварот, конечно се упативме кон салата ,,Боро Чурлевски.”
– Револтот беше огромен, затоа што токму одлуката да дојдеме порано, беше донесена со цел избегнување на сите гужви, тензични ситуации и секако со цел навремено пристигнување во сала и давање максимална поддршка на нашата екипа!
– Сепак, кулминацијата на целиот настан се случи токму пред влезот на салата, каде што без било каква провокација од наша страна, наши членови беа нападнати од страна на обезбедувањето, кое се дрзна покрај се да употреби и пендрек поради што неколку наши членови се здобија со повреди.
– Репресијата е нешто со кое се соочуваме со години, во било која форма. Но личната фрустрација на поединци е нешто недозволиво, нешто на кое ќе мора институциите, пред се управата на Еурофарм Пелистер да поработи и тоа час поскоро. Подобро вие отколку ние, затоа што ,,нареден пат” нема да има!
– Упатуваме честитки до нашиот тим за борбеноста и затоа што ниту во најлошите мигови не се предадоа. Напротив, носени од нашата песна, со одличната игра во второто полувреме, покажаа менталитет и беа на чекор до целосен пресврт. Само заедно сме најдобри!
– За крај, би сакале да го поздравиме заедничкото навивање со н.г. ,,Чкембари Битола”, посветено на татковината, а кон кое повремено се приклучуваше и поголем дел од публиката во салата!Нашата мила Македонија, нé одгледала за да ја браниме.
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија21 час
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан