Поврзете се со нас

Македонија

„Комити“ со „Народен фронт“ за Вардар: Во очи да им кажеме на оние кои мислат дека се над клубот

Објавено

на

Вардар е во лоша резултатска серија во која последниот пораз беше забележа од Беса 1976 во Гостивар од 2-1.

Ова за „црвено-црните“ беше четврти загубен меч во низа во ПМФЛ или вкупно седми на десеттиот сезонски натпревар што е катастрофален учинок за клубот за кој се најавуваше дека во актуелнава кампања ќе биде во горниот дел од табелата.

Навивачката група „Комити“ е незадоволна од сите случувања и најави „Народен фронт“ за средбата со Тиквеш во Купот на Македонија.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

НАРОДЕН ФРОНТ – ЗА ВАРДАР!
Свесни за одговорноста и ситуацијата во која се наоѓа клубот, а водени исклучиво од најискрените идеали, го отвораме НАРОДНИОТ ФРОНТ – ЗА ВАРДАР!
Во среда[23.10.2024] на западната трибина ќе се обединат сите генерации, рамо до рамо ќе застанат сите екипи – секој член, сите оние кои размислуваат поинаку!
Не е важно дали си млад или стар, дали си навивач или симпатизер, во среда сме СИТЕ НА ЗАПАД-СИТЕ ЗАЕДНО!
Нашиот став да го искажеме заеднички, пред полна западна трибина, директно во очи на оние кои мислат дека се над клубот. Не се и никогаш нема да бидат. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане!
Во име на сите битки за клубот, во име на традицијата и емоцијата – БОРБА!
ФК Вардар – ГФК Тиквеш [23.10.2024]
ВАЖНА НАПОМЕНА: Информации за собир, како и за натпреварот против екипата на РК Порто, ќе бидат соопштени наскоро.
НАЈМАСОВНА МОБИЛИЗАЦИЈА ДОСЕГА!

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни