Поврзете се со нас

Македонија

„Комити“ со име и презиме ги прозваа душманите на Вардар: Спиете ли мирно? (Фото)

Објавено

на

Вардар ова попладне доживеа вистински и историски дебакл на гостувањето во Кратово, па откако тимот на Џиџи составен од млади фудбалери одново прими шест гола на еден првенствен меч, со жестока реакција излезе навивачката група која овозможи опстојување на клубот во овие тешки времиња.

„Комитите“ со распродадениот стадион и собраните финансиски средства спречија згаснување и овозможија тимот да се натпреварува во пролетниот дел од сезоната, но откако Вардар декеска беше декласиран од Силекс со 6:0, најголемата навивачка група на најтрофејниот македонски фудбалски колектив почна со имиња и презимиња да ги прозива луѓето кои ги нарече вистински „душмани“ на клубот.

-Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја. За да се долови Мизеријата, доволно е да се напомене дека при резултат од 6:0 најдобар поединец беше голманот Илиќ, и само уште еден достоен да го носи дресот на Вардар беше ветеранот Шиле. За другите што да се каже – статисти, манекени и повеќе играчи и асистенти на противничкиот тим отколку на Вардар.

– Одбрана швајцарско сирење ! Средина непостоечка ! Напад јалов ! Вакво газење на честа на клубот е незапаметено и крајно недозволиво, и време е за радикални промени но и да се сносат последиците.

– Нема повеќе никакво алиби ! Време е да почнеме со име и презиме да ги прозиваме душманите на клубот. Време е за одговорност ! Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов?, – гласи реакцијата на „Комитите“ кои се огорчени од ситуацијата во која се најде клубот.

Вардар по денешниот пораз од Кратово за првпат сезонава падна во опасната зона, а до крајот нема воопшто лесен распоред во обидот да се обезбеди опастанок во елитата, што никако не е добра вест ако се знае дека тимот на Џиџи Илиевски не оствари ниту една победа од стартот на вториот дел на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни