Поврзете се со нас

Македонија

„Комити“ со експлозивно соопштение: Седлоски не смее и нема да биде тренер на Вардар! (Фото)

Објавено

на

„Комити“ веќе некое време го искажуваат сето незадоволство кое го чувствуваат кон луѓето кои го преземаа раководењето со клубот, а после шесте порази во низа и разделбата со Срѓан Захариевски, утрово стигна уште една вест која е неприфатлива за најверните навивачи на Вардар.

Најтрофејниот македонски клуб извести дека Гоце Седлоски се враќа во клубот после седум години, но оваа вест предизвика огромен бес меѓу најстраствената навивачка база, која сега преку официјално соопштение најави дека Седло воопшто нема да седне на клупата на претстојното дерби со Шкупи кое се игра на националната арена „Тодор Проески“.

– Гоце Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар! Човечкиот отпад кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!

– Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено! Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки! КЛУБ НА НАРОДОТ СИ ВАРДАРЕ! ВО САБОТА – СИТЕ НА СТАДИОН!, – гласи експлозивното соопштение на „Комити“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни