Поврзете се со нас

Македонија

„Комити“ со ексклузивна информација: Шаќири пронашол спас за Вардар, никој не го контактирал

Објавено

на

Иднината на најтрофејниот македонски клуб, Вардар се уште е крајно неизвесна по финансиските проблеми настанати по заминувањето на Сергеј Самсоненко од клубот.

Вардар е до гуша од долгови, заглавен во бирократски лавиринти и секој изминат ден е се потешко дека клубот ќе успее да ја надмине оваа криза.

Најверните навивачи на скопските „црвено црни“, популарната група „Комити“ преку својот фејсбук прфил објавија ексклузивна информација дека Артим Шакири понудил спас за клубот преку шпанска компанија.

Засега немало слух за ваквата понуда од Шакири ниту од клубот, ниту од град Скопје во чија сопственост е Вардар.

– Зошто се уште никој не го контактирал нашиот Артим Шакири кој е единствен кој достави писмо со намери како интерес за инвестирање во Вардар преку извесна шпанска компанија? Известени се и во ФК Вардар, известен е и градот Скопје, но се уште никој не го контактирал. Зошто, имате некое решение или алтернатива?, -се запрашаа „Комитите“.

И зошто сеуште никој не го контактирал нашиот Артим Шаќири, кој е единствен кој достави писмо со намери како интерес за…

Posted by Komiti Skopje on Недела, 14 март 2021

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни