Поврзете се со нас

Македонија

Комити: Самсоненко и Шилегов се гробарите на Вардар (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Вардар денеска претрпе тежок пораз од Силекс во Кратово, пораз кој ги стави „црвено-црвено-црните“ во црвена зона, поточно во тимовите кои паѓаат по понизок ранг на натпреварување.

Оваа состојба најмногу ја боли навивачката група „Комити“ која во изминатиов период прави се што може за да клубот опстане, меѓутоа засега нема соодветна помош од оние кои треба тоа да го направат, па револтирани од тоа почнаа отворено за говорат вперувајчи го прстот кон вистинските виновници.

Вечера навивачката група објави една фотографија, фотомонтажа на која се Сергеј Самсоненко и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кои се претставени како гробари. Тие сметаат дека се работи за договорено сценарио за згаснување на најтрофејниот фудбалски колектив со што би се избришале сите долгови кои Самсоненко и неговите соработници ги направија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни