,,Комити” со порака до навивачите: Ти си наш брат, те чекаме во 18 часот!!!

komiti zapad

Навивачката група ,,Комити” покажа дека е на исто рамниште со останатите навивачки групи од Европа. Со последниот потег со кој успеаа да се изборат за посебни блок карти за навивачите и да обезбедат маичка со боите и логото на клубот, пратија јасна порака за неизмерната љубов и поддршката што ја имаат за Вардар.

Тие во пресрет на натпреварот со Зенит, како што доликува, испратија насоки кон своите навивачи како треба да се навива и да се покаже почит кон гостите и кон својот клуб.

– Нашиот дрес код за овој натпревар гласи: СИТЕ ВО ЦРНО! Западната трибина е трибина на навивачката група Комити Запад и тука важат нашите правила, норми и кодекси. Западната трибина е трибина за стоење, навивање и скокање. Секој што не е спремен тоа да го почитува го замолуваме да оди на друга трибина Не прави никакви постапки кои би можеле да му наштетат на нашиот клуб, не фрлај предмети. Вардар е дел од нашите животи, Вардар е наше семејство, ние сме Вардарова Армија. Збирно место на нашиот привремен штаб е пред Соборниот Храм Св. Климент Охридски од 18:00 часот. Внеси се во нашиот филм, доживеј ја енергијата, почуствувај го адреналинот, дури и доколку првпат влегуваш на оваа трибина, ако ги почитуваш нашите правила и кодекс, добредојде – ТИ СИ НАШ БРАТ! ТЕ ЧЕКАМЕ, – се вели во соопштението на ,,црвено-црната армија”.

Facebook Коментари