Поврзете се со нас

Македонија

„Комити“ ја поздравија тренерската смена: Вардар ќе биде воден од човекот кој го постигна историскиот гол

Објавено

на

Вардар ова попладне излезе со официјално соопштение и ја потврди разделбата со тренерот Горан Симов, кој по само четири натпревари во Втората македонската фудбалска лига, го напушта кормилото на најтрофејниот клуб во нашата земја.

Последниот пораз од Велешта на гостувањето се покажа како пресудно за брза тренерска смена кај „црвено-црните“, кои во наредниот период ќе бидат водени од нов поранешен играч, но и член од историската генерација на Вардар која обезбеди пласман во Лига Европа.

Никола Глигоров ќе има одговорност да го врати тимот на вистинскиот пат по четирите освоени бода по четири комплетирани рунди, одлука која наиде на поздрав од водечката навивачка група на Вардар, „Комитите“.

– Одговорноста за слабите и бледи изданија на Вардар, ја превзема Шефот на стручниот штаб Горан Симов, што според големото мнозинство Вардарови навивачи е вистинска одлука. Се надеваме дека реакцијата е навремена, штетата која е настаната ќе може да се санира, и за брзо време ќе фатиме приклучок за местата кои водат кон повисок ранг. Во името на неговото минато како голман во Вардар со заслуги за освоени две шампионски титули, му посакуваме успех во натамошната кариера.

– Mаксимална поддршка за ангажманот на Никола Глигоров, кој како вршител на должност Шеф на стручен штаб на ФК Вардар ќе го предводи тимот. Ние не забораваме, Глигоров беше еден од ретките кои беа тука кога на Вардар му беше најтешко !

– Со својата скромност, големо срце, убоитост, напаѓачки инстинкт, искуство од големи натпревари, познавањето на играчкиот кадар, фактот дека е еден одличен психолог, пример како треба да живее и работи еден спортист и спортски работник, но и што е многу важно, квалитетите кои ги поседува како човек, кој сигурно ќе знае да направи разлика, да го промени ритамот, и да го пренесе својот победнички менталитет кај тимот. Да не го заборавиме моментот на историскиот гол и големите негови заслуги за елиминацијата на гигантот Фенербахче среде Истанбул, пред само 4 години!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни