Поврзете се со нас

Македонија

„Комити“ добиле услов од Владата: Или Миленко, или згаснување на клубот

Објавено

на

Фудбалскиот клуб Вардар најави голема транспарентност пред медиумите откако беше извршена целосна промена на раководството изминатово лето, но неколку месеци подоцна, единствен гласник на најтрофејниот македонски фудбалски колектив и натаму се „Комитите“.

Добро познатиот претставник на навивачката група, Милорад Миленковски денска одржа прес-конференција пред македонските новинари, на кои објективно и искрено им одговори за сите прашања поврзани за предадените акции од страна на навивачката група, но и промените извршени во Управниот Одбор.

Миленковски обелодени дека „Комити“ преку Здружението „35 години Вардарци Скопје“ отстапил 85 проценти од акциите на новиот газда Атила Бижен Жалили, а како акционери со 15 проценти, добиле еден неизвршен член во Управниот одбор.

– Првата средба со Владата ја имавме на 10-ти јуни и ни беше пренесено дека имаат решение за Вардар, но дека треба да ги предадеме акциите. Владата инсистираше Миленко Неделковски да биде именуван за Извршен директор на клубот. Ние како здружение во почетокот не го прифативме тоа, но на 3-ти јули бевме принудени да го предадеме клубот во нивни раце и да му подадеме рака на Миленко.

– Се договоривме да задржиме 15 проценти од акциите за да можеме да реагираме при евентуален лош тек на нештата. После тоа, на 6-ти септември беше склучен договор со инвеститорот Атила Жилали, а договорот е нотарски заверен на 10-ти октомври. Атила Жилали како инвеститор го постави Миленко Неделковски за извршен член, три неизвршни членови од клубот се Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче Крстоски Илиоски, додека неизвршен член од нашето здружение е Мартин Гелев.

– Ние како здружение си имаме свои размислување и свои стереотипи кон одредени личности. Ние само сметавме дека Неделковски не е за таква функција во Вардар, тој не е достоен да биде во Вардар. Ние стоиме зад тоа дека на чело на Вардар треба да биде човек кој го поларизира општеството, човек кој обединува, а не човек кој ги политизира нештата во спортот и фудбалот. Владата се појави за да ни помогне и гарантираше дека се ќе биде во ред.

– Претставник на Владата во нашите преговори беше господинот Владимир Нелоски, а при тие преговори, ни беше потенцирано следното: Или Миленко ќе биде во Вардар, или клубот нема да постои. Знаевме дека немаме многу добри преговарачки опции и моравме да се согласиме, иако тогаш ни беше кажано дека во клубот ќе има сосема поинакви структури од тие кои се денеска, – изјави Миленковски.

Претставникот на „Комити“ го отвори обраќањето со жалење дека никој од повискоките структури од клубот не се одважил да дојде на денешниот прес, што според него, само покажува дека лицата кои го водат клубот сакат да се кријат од јавноста.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни