Поврзете се со нас

Македонија

„Комити“ бараат голема реконструкција во Вардар по сериозниот удар во Охрид (Фото)

Објавено

на

Силекс цврсто чекори кон враќање во Првата македонската фудбалска лига по новата победа која ја оствари денеска, но истото не важи и за Вардар кој ја загуби директната пресметка за второто место на табелата.

Најтрофејниот македонски клуб денеска загуби на гостувањето во Охрид кај Воска Спорт со резултат 2:1, тим кој сега има пет бодови предност во однос на Вардар кој е третопласиран.

Со актуелниот распоред на силите, изгледа како Вардар да нема квалитет да се врати во фудбалската елита, а тоа посебно ги налути „Комити“ кои испратија јасна порака.

И покрај сите опструкции, најверните навивачи на Вардар денеска се најдоа на трибините во Охрид, но по приреденото разочарување од нивните миленици, пораката е следна:

– Р Е К О Н С Т Р У К Ц И Ј А! Ова НЕ Е тој ВАРДАР заради кој што дојдовме и покрај сите забрани !

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни