Поврзете се со нас

Балкан

Комична ситуација: Изведе аут, го погоди соиграчот во глава (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Марибор го заборави поразот од Хамарби во Конференциската лига и оваа вечер славеше со 3-1 на Домжале во домашниот шампионат.

Ова за Марибор беше второ славје во вториот сезонски меч и со вкупно 6 бода е на првото место на табелата. Од друга страна пак за Домжале ова беше прв неуспех во првиот натпревар, а во истиот двајца нивни играчи изрежираа една комична ситуација.

Имено на гостите им се брзаше во самиот финиш, а кога се брза често се прават и грешки, па така при еден аут Подлогар го погоди во глава соиграчот Алиќ по што топката им припадна на домашните фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни