Комесарот на НБА планира да воведе промени во плеј-оф разигрувањето

Adam Silver

Комесарот на НБА, Адам Силвер, е човекот кој планира да направи револуција во најсилната кошаркарски лига. Тоа тој го направи со ,,Ол стар” натпреварот, каде успеа да воведе промени, кои ги осетија и навивачите и фановите на НБА лигата.Овој пат, во јавноста излегоа информации дека раководството предводено од Силвер размислува да направи освежување во НБА лигата и да го смени форматот за плеј-оф натпреварувањето.

Запрашан на оваа тема, Силвер само ја објасни целата ситуација без одредени детали и кога би се реализирале истите тие промени.

– Искрено, ние размислуваме на таа тема од едноставна причина зошто имаме реакции од фановите каде нивните тимови не учествуваат во плејофот, иако според победите се наоѓа во најдобрите 15 тимови во лигата. Ова го велам во делот на плеј-оф натпреварувањето каде имаме ситуации одредени тимови од едната конференција да имаат подобар скор и да не се пласирани во плеј-оф, а другите тимови од другата конференција со многу полош скор веќе да се пласираме во плеј-оф натпреварувањето, – изјави Силвер.

Facebook Коментари