Поврзете се со нас

НБА

Комесарот на НБА Лигата најави натпревари пред публика: Без навивачи е сра*е

Објавено

на

Комесарот на НБА Лигата, Адам Силвер на видео конференцијата на која се дискутираше за евентуалното продолжување на НБА Лигата најави дека истата би можела да продолжи и пред присуство на гледачи.

Според Силвер се разгледуваат опциите во салите да биде дозволено да се пуштаат ограничен број на фанови така што би се почитувала социјалната дистанца.

Економските последици по пандемијата со коронавирусот ќе бидат огромни, па затоа се размислува за тоа како најдобро да се организираат натпреварите.

И покрај најавите на Силвер, голема е веројатноста дека НБА лигата доколку продолжи, барем на почеток ќе биде пред празни трибини.

– Тоа е сра*е! Сепак, тоа ќе биде наша реалност. Можеби постои некој начин дел од навивачите да се пуштат во салата, така што ќе се пополни секое второ или трето место на трибината.

– Имајќи предвид дека вакцина нема да добиеме наскоро, се прашувам дали постои начин во салата да пуштиме одреден број луѓе? Можеби не мора да имаме 19.000, но може да имаме 5.000 луѓе? Или 8.000? Можеби постојат некои протоколи кои можат да ни го овозможат тоа, но сепак да останеме безбедни, -истакна Силвер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни