Поврзете се со нас

Репрезентација

Комерцијална банка и ФФМ потпишаа тригодишен договор пред историскиот спортски настан

Објавено

на

На промоцијата на официјалната химна за Европското првенство, скопска „Пивара“ стана партнер на Македонската Фудбалска Федерација, која од денеска е побогата за уште еден познат и реномиран спонзор во нашата земја.

Комерцијална Банка и ФФМ склучија договор според кој ќе имаат заедничка соработка во наредните три години, што значи дека македонските фудбалери добиваат нов важен спонзор во пресрет на најголемото случување во историјата на фудбалот во нашата земја.

– Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Комерцијална банка станува горд поддржувач на македонската фудбалска репрезентација. Горди сме ние што добиваме партнер кој секогаш ги потврдува и поддржува вистинските вредности.

– Најдобрата македонска банка заедно со најдобрата фудбалска репрезентација. Исклучително сме среќни што преку оваа соработка со Комерцијална банка имаме можност да ја продолжиме убавата приказна поврзана со учеството на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, која покрај спортскиот успех во себе содржи голема национална гордост, – изјави претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

– Веруваме дека македонскиот фудбал има во себе магија и моќ за да поттикне нови успеси и заеднички победи. Тоа да бидат успеси на деца кои ќе се определат за спорт, одговорност и дисциплина, на нови генерации фудбалери, на сите нас кои ќе изградиме уште подбри услови за спортот во земјава. Тоа е мисијата со која Комерцијална банка влегува во соработка со Фудбалската федерација бидејќи делиме заеднички цели и императиви. Посакувам Европското првенство 2020 да ни донесе многу радости, но на фудбалерите им посакувам, пред се, добро здравје и многу среќа, – изјави Главниот оперативен директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, Илија Илоски.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни