Поврзете се со нас

Светски првенства

Коментаторот на „Спорт Клуб“ бликна од радост по голот на Трајковски, а потоа следуваше шок: Не, не, не… (Видео)

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија немаше голема среќа на вчерашното гостување во Букурешт на кое загуби од Романија со 3:2.

Нашите репрезентативци одиграа одличен натпревар, но немаа голема среќа да дојдат до посакуваниот бод од средбата затоа што Јанис Хаџи веднаш по нашиот израмнувачки погодок го матираше Столе Димитриевски и донесе голема победа за Романците.

Македонија за една минута успеа да постигне два погодоци преку Арјан Адеми и Александар Трајковски, а впечатлива беше реакцијата и на коментаторот на „Спорт Клуб“ кој го коментираше овој натпревар.

Коментаторот се израдува на погодоците на нашата селекција, а кога Хаџи веќе во следниот напад зголеми на 3:2 неговата реакција беше разочарувачка: „Не, не, не….“.

Навистина штета што не успеавме да се вратиме од гостувањето во Букурешт со бод на нашето конто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни