Поврзете се со нас

Свет

Коментаторите на „Би-Би-Си“ за фудбалер на Селтик: Беше преплашен од Миовски

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AberdeenFC

Абердин освои голем бод на дуелот со Селтик во шкотското првенство, а Бојан Миовски постигна фантастичен гол со кој го обезбеди ремито против фаворитот за титулата во шампионатот.

Македонскиот репрезентативец уште еднаш го покажа својот потенцијал и тоа на дуелот со екипата која беше поврзувана со негов трансфер во зимскиот преоден рок, а коментаторите на „Би-Би-Си“ испратиле сериозни критики на еден од дефанзивците на Селтик кој не можеше да се снајде со Миовски.

Се работи за полскиот интернационалец Маик Навроцки, кој според Пет Бонер и Вили Милер, бил преплашен од Македонецот.

– Беа толку отворени во одбраната, се мачеа, Навроцки беше преплашен од Миовски. Не сакаше да се соочи еден на еден со него затоа што знаеше дека напаѓачот на Абердин ќе излезе како победник, – рекол Милер.

– Навроцки навистина се мачеше. Вили добро го срочи тоа, тој се плашеше од брзината на Миовски.

Мајсторија на Миовски против шкотскиот великан: Го измести дефанзивецот на Селтик, па го матираше искусниот Харт (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни