Поврзете се со нас

АТП

Коментар за Ѓоковиќ даде и големиот Мекинро: Тој сега е лошо момче, ова е дамка која нема да може…

Објавено

на

По вчерашниот инцидент на „Флешинг Медоус“ во кој Новак Ѓоковиќ со топче ја погоди линиската судијка и доби директна дисквалификација, не престануваат реакциите во јавноста.

Откако со свој коментар се јави поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер, а потоа во типичен стил се огласи и Ник Кирјос, сега време му дојде на Џон Мекинро.

Мекинро кој и самиот низ кариерата имаше проблеми со дисциплината изјави дека Ѓоковиќ сега до крајот на својата кариера ќе биде запаметен како лошо момче и дека ќе треба да се носи со тој притисок.

– Притисокот го стигна. Многу работи се случуваа на теренот и тоа влијаеше на него. Му се допаѓало тоа или не, тој од сега до крајот на кариерата ќе биде лошото момче. Ќе биде интересно да видиме како ќе се носи со тоа.

– Не велам дека нема да може да се опорави. Мислам дека може да застане на нозе. Брка историја и верува дека може да ги престигне Надал и Федерер по бројот на освоени Грен слемови. Помлад е, сите го знаеме тоа и многу работи му одат од рака. Сепак, ова е дамка која нема да може да ја избрише, му се допаѓа тоа или не, -изјави Мекинро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни