Европски првенства
Коментар: „Uber Makedonische“

Добро познатата песна на култната македонска група Архангел наречена „Убер Македонише“ е своевиден крик против остатоците од минатото, срочени во деминутивни форми и контра свеста за потчинетост и провинцијализам, како и потребата за рушење на ѕидовите од празни зборови кои го попречуваат контактот со суштината.
Авторското убедување дека само поединци се чувствуваат поинаку, оние кои не припаѓаат никому и во себе го носат кодот на „над-Македонецот“ кој чека да се разбуди, сосема одговара на паралелата во нашата (доскорешна) ракометна реалност. Киро Лазаров беше тој поединец, еден кој направи име низ светот а потоа почнаа Борко, Џомба, Жути, Деко, Талески…
Промената на свеста, од поединечно просветлување до испитување на границата на колективниот капацитет бараше време и макотрпна работа. Од аутсајдери до прво место во група на Европското првенство. Провидението сакаше на тестира повеќе пати со исти противници, при што овие десетина години – Германија, Словенија и Данска беа најчести.
Ако во Хрватска 2009 година ги победивме Алжир, Полска и Русија, загубивме од Германија со 33:23. Со ракометниот бундес „дрим тим“ среќата сакаше да се сретнуваме уште почесто, па на ЕП 2012 во Ниш по нерешните 12:12 на полувреме дојдовме до тесен пораз во завршницата 23:24. Дополнително, ремизиравме со Шведска и ја победивме Чешка (во првата фаза), додека во продолжението имавме победи над Полска и Србија, но загубивме од Данска (33:32). Таму во дуел за 5 место ја совладавме Словенија со 28:27.
Данците повторно „ни земаа мера“ на светското 2013 година во Шпанија (33:30), иако ние таму се справивме на ист начин со Чиле и Катар, а ремизиравме со Русија. Како домаќини на ЕП 2014 игравме во Хернинг со Данска за нова лекција од 29:21 (плус нерешено со Чешка и победа над Австрија). Во втората фаза загубивме три меча, со Унгарија, Исланд и Шпанија. Последниот, со дури 11 голови разлика (22:33).
Еволуцијата ни го донесе најдобриот пласман на ракометните мондијали во 2015, при што во Катар имавме тесни порази од Хрватска и Словенија, додека славевме против Тунис, Австрија, Босна и Иран. На ЕП 2016 се држевме по 50 минути со Полска и Франција, но успеавме само да ја елиминираме Србија, и тоа со нерешен резултат. Во втората фаза, слично како во Данска, попуштивме со порази од Белорусија, Норвешка и Хрватска.
Со нерешениот резултат против Германија, конечно дојдовме до созревање. Првото место во група е освоено, а натаму ќе следуваат и другите испити, пред се со Шпанија и Данска. Планот „чекор по чекор“ за отворените македонски срца значи „од натпревар во натпревар подобри“ до конечната доминација. Време е да се размислува за нови победи. Нема враќање, нема повлекување. Убер Македонише.
Од Загреб за „Дерби“
Александар Табаковски
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 19 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 18 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 20 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 20 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)