Репрезентација
Коментар: Спиеш ли мирно Лино Черваре?

Лино Червар конечно објави дека ја избра Хрватска пред Македонија, откако претходно им порача на Хрватите дека има клаузула во договорот дека секогаш може да ја напушти нашата репрезентација и да го преземе кормилото на „каубоите“.
Големиот стратег и успешен тренер ја расипа сликата за себе што ја градеше во Македонија откако буквално се нудеше самиот откако шест месеци претходно се нафати на нов ангажман. Неколку пати пред новинарите повтори „дека имал повеќе шанси да ја преземе Македонија“ и дека „не се туркал“, дека почувствувал предизвик да направи нов македонски тим чија што цел се ЛОИ 2020 во Токио, но она што го рече – самиот го порече на многу лош начин кој комбинираше манири долични на најстариот занает на светот.
Червар имаше вистинска шанса конечно да изгради играчи по кои ќе биде запаметен, бидејќи во Македонија колку и да беше протежирана мислата дека школата на Металург под негово водство била најсилна, сепак нема ниедно име што автохтоно потекнало од неа и се етаблирало во репрезентацијата: Талески, Кузмановски, Дрогришки и другите се имиња на играчи кои во Металург дојдоа на усовршување откако потекнаа од своите матични средини. Никој не може да спори дека тој бил дел од нивниот едукативен процес, но тој не успеа да ги повтори успесите што ги имаше со генерацијата на Мојсоски и Јоновски кога играше во осминафинале од ЛШ.
Со Македонија експериментираше како со заморче додека го тестираше системот „7 на 6“, а наместо да работи на подигање нова генерација играчи во таканаречениот клуб репрезентација – Металург, таму ги форсираше играчите кои немаат македонски пасош. Наместо да го искористи Светското првенство во Франција за да воведе уште повеќе млади таленти во тимот, таму поведе неколку играчи на возраст од 36 до 38 години кои и покрај респектабилните интернационални кариери, тешко можат да бидат визија за ЛОИ 2020. Кој да им објасни на младите кои трпеливо ја чекаат својата шанса за некоја минута повеќе во државниот дрес, или на оние кои ја градат со години својата кариера и копнеат за националниот тим? Кој да им ја каже вистината на Никола Митревски, Мартин Велковски, Јане Цветковски, Горан Крстевски? Спиеш ли мирно, Лино Черваре?
Ќе бидат ли повторно новинарите „злочести“ и посочени како виновници затоа што своите лични интереси ги стави пред оние на државата за која велиш дека тие втора татковина? На мундијалот во Франција 90% од тимот го сочинуваа играчи од претходната селекција, со исклучок на Борко Ристивски. И дали ако Франција, Норвешка, Германија и Словенија ја испердашат „емоционално исцрпената“ репрезентација на Хрватска на фамозното Европско првенство во 2018 година, ќе треба повторно да се погледнеме во очи?
Александар Табаковски
-
Англијапред 20 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)