Шах
Коментар: Скопје има европски шампион во шах, но нема шаховски дом!

Алкалоид се враќа од годинешниот Европски клубски куп со сребрен медал, една година откако лани го освои златото.
Шаховскиот клуб и неговите играчи професионално си го одреаботеа своето, попатно импресионирајќи во мечот од претпоследното коло кога на рускиот супер-тим Глобус му играа за победа, за разлика од лани кога го освоија златато, но едвај извлекоа реми.
Ако ги прашате странците (ривалите), за нив тоа е нормална работа. Скопје е град домаќин на Шаховска Олимпијада, Македонија до скоро беше во врвот на европскиот шах со континуирани пласмани меѓу најдобрите, а зад тимот стои врвна компанија.
Но ете, таа еуфорија нема свое огниште во главниот град за да тлее и натаму. Порано имаше таканаречено Олимписко село, пракса што секој град организатор ја добива за развој на спортот во таа земја. Имаше и централен шаховски дом, но и тој „исчезна”, а долговите што и беа накалемени на федерацијата заради него, доведоа до блокада на жиро сметката која се уште трае.
Како да се продолжи понатаму и да се искористат овие успеси за популаризација на шахот? Каде да се “паркираат” овој и претходниот трофеј за да бидат инспирација за новите генерации, наместо да “дремат” во клупската канцеларија?
Шаховски дом е основата, исто како и заложбите за воведување школска настава за запознавање со древната игра! Скопје и неговите општини овој викенд ќе добијат нови градски татковци, кои во досегашните кампањи ветија “од пиле млеко”, но никој не се сети за шаховски дом. Ќе се најде ли „јунак“ што на своите граѓани ќе им овозможи да играат шах, наместо да им ветува и да троши народни пари за палми или врби?
Да се разбереме, никој не очекува преку ноќ да е реши ситуацијата, ниту бара барокно здание на подарок. Една голема просторија што градот веќе ја поседува некаде или за која може да издвои буџет да се плати киријата и сметките, би претставувало одличен почеток додека за долгорочно решение би се продолжило да се размислува!
Александар Табаковски
-
Англија17 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија14 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
Свет23 часа
Олимпија Милано со два збора ги опиша движењата на Димитријевиќ: Класа и елеганција (Видео)
-
АБА лига21 час
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија22 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија24 часа
Итуралде: Себалјос требаше да добие црвен картон уште во 25. минута (Видео)