Поврзете се со нас

Македонија

КОМЕНТАР: Кои 25 спортисти се меѓу предложените 571 за скопските улици?

Објавено

на

Предложените промени на имињата на улиците во македонскиот главен град предизвикаа полемики во нашата политички поларизирана јавност бидејќи во неа има личности кои се релативно непознати, без научни и уметнички достигнувања, а биле државни службеници, „потстанари“ во градоначалничкиот кабинет на Скопје, па дури и пејачи на народни песни.

Во списокот објавен на веб страната на Град Скопје, има вкупно 571 предлог. За оваа листа, ќе се расправа на 64. седница на Советот на Град Скопје закажана за вторник, 23 февруари.

Нашиот обид да ги преброиме оние кои биле спортисти или биле поврзани со спортот, не доведе до бројката од 25 имиња. Веднаш би рекол дека застапеноста од 4,38% е премала! Ако спортистите се најголемите амбасадори на една земја, задолжените за подготовка на оваа листа можеле да се заинтересираат повеќе за македонската спортска историја, бидејќи во предлозите бројчано доминираат актери, уметници и други општествени службеници кои имале само „локален домет“. Но, тоа е само првата забелешка!

Името на официјалниот документ е „ЛИСТА за дополнување на Листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на град Скопје“, а мојот генерален впечаток е дека на неа има имиња кои не се доволно елаборирани или без понудена биографија која би ја оправдала ваквата номинација. Така, доаѓаме до вториот проблем на предлагачите – недостаток на критериум! Меѓу спортските предлози понуден е Петар Кузмановски – Таста, како ракометар, без назнака за кого играл, што постигнал и во кој град го постигнал тоа што го постигнал. Исто така, има и предлог за спортски работници како Алајбегу Ментаз, со таксативно објаснување дека основал клубови и негови ученици освоиле медали. Се поставува прашањето на критериумите по кои се воделе предлагачите, бидејќи досегашната пракса било тоа да се освојувачи на трофеи од висок профил, а нивните тренери биле соодветно наградувани за успесите.

Но, ако за некои предлози нема покритие за статусот на легенда, за некои врвни имиња има други нејаснотии. Така, има предлог за улица според името на Алтеа Гибсон, со образложение дека е првата црна тенисерка која го освоила Вимблдон. Искрено би запрашал колку други освојувачи на Вимблдон се застапени на скопските улици? Дали е потребен ваков преседан базиран на бојата на кожата на спортистите? Што тоа може да значи во иднина, дека ќе го чествуваме и првиот припадник на жолтата раса што ќе освои титула во Формула 1?

Четврта работа за која би сакал да реагирам со овој коментар е тоа дека извесен дел од предлозите немаат допирна точка со Скопје, туку дека тоа по „заслуга“ која ќе се верификува со гласањето на советниците. Зошто е нужно да се „краде“ историјата на помалите градови и нивните великани да се поврзуваат со Скопје? Претходно споменатиот ракометар Петар Кузмановски според моите сознанија, потекнува и се етаблирал како играч на „Тутунски комбинат“ од Прилеп. На листата исто така има имиња кои се големи и значајни спортисти, но немаат директна конекција со Скопје: меѓу нив славната пливачка генерација предводена од Атина Бојаџи, Нико Нестор и Климе Савин, потоа битолчанецот Димитар Илиевски – Мурато кој е освојувач на Монт Еверест, а со неговото име веќе е именувана улица во центарот на Битола, како замена за поранешната именувана по Борис Кидрич.

На списокот е и името на Шабан Трстена, уште една легенда „со покритие“ како златен олимписки медал. Тој не е проблематичен по ниеден основ како предлог, освен можеби дека сите други „противкандидати“ се починати. А живи спортски легенди во Македонија има уште многу…

Што недостига? Да се пречисти предлог текстот со познавачи на предложената материја! Прво, треба да има високи критериуми и големи достигнувања, а не гол факт дека некој бил спортист, актер или новинар. Второ, точно е дека не се легенди само оние со „набилдана биографија“, но слободната интерпретација на оваа тема се злоупотребува. Тренери може да има многу, но основоположник на еден спорт е многу поголема легенда од нив. Така, како што се предложени Павле Бидев (шах) и Војче Синадиновски (одбојка), можеле да бидат предложени и Стефан Тодоровски – Цефи (кошарка), Страхил Андреевски (бокс), Славко Матовски (ракомет), Лазо Милошевски (атлетика) и уште десетина други од некои други спортови, но тука списокот завршува. Заедничко на овие две забелешки е дека не може секој да биде „легенда“ и „основоположник“, едноставно, нивниот број е лимитиран.

Високи и јасни критериуми се нужни за да се спречат идни забуни: Не е спорна историската улога на Ристо Ничевски како прв македонски Интернационален Мајстор во шах, воедно и ТВ коментатор, но по него Македонија доби и велемајстори, и освојувачи на медали на ЕП во шах, како и на Шаховска олимпијада! Без соодветни критериуми ќе остане отворено и прашањето што да правиме со современиците на Ничевски, другите двајца интернационални шаховски мајстори, Јован Софревски и Димитар Илиевски? Во тој контекст ќе има многу други дилеми како тие за Кирил Симоновски Џина, за капитенот на ФК Вардар – Часлав Божиновски, кој го освоил фудбалскиот Куп на Маршалот Тито, итн…

На самиот крај, сакам да укажам дека меѓу предложените решенија видов и имиња како „Мултиетничка“ и „Безвременски“ со назнака дека се однесува на Градскиот парк, како и „Скопски земјотрес“. Согласно ова, сметам дека имагинативноста на градските власти потфрлила бидејќи можела да воведе и предлог „Шаховска“ бидејќи Скопје е организатор на 25. Шаховска олимпијада, а градот не само што го избриша Олимпиското село од мапата, сега со рушењето на Скопски Саем и неговите сали кои служеа за организација на најпрестижната манифестација одржана некогаш во овој град, комплетно се дистанцираше од овој настан. Во овој контекст, не е на одмет да се спомене дека во Скопје се играло и Европското шаховски првенство во 2019 година, а во 2015 година се одржа и шаховската „лига на шампиони“ насловена како Европски клубски куп.

Подолу се извадоци од предлозите, онака како што се презентирани на веб-страната на Град Скопје, без никаква корекција од наша страна, со цел да се зачува автентичноста, иако сме свесни дека во нив има и грешни информации и правописни грешки.

Александар Табаковски

 

Забелешка: За комплетната листа со 571 предлог клкнете на овој линк.

 

Алајбегу Ментаз (1946-2014), заслужува да има име на улица во Скопје, заради неговиот голем придонес во едукацијата на цели генераци, особено во спортското образование, со формирање на бројни клубови во борење, кошарка, одбојка, а како резултат на неговата работа, спортистите се вратија со медали од светски и европски натпревари и олимпијади.

Бидев Павле (1912-1988), прв македонски велемајстор во шах.

Бојаџи Атина (1944-2010), пливачка маратонка, една од најдобрите на светот. Била првата жена од Југославија која што го препливала Ла Манш на 9 октомври 1969 година. Првенка на Македонија во 13 дисциплини на куси патеки и 8 републички рекорди. Победила на три Охридски маратони, на маратонот Капри – Неапол во 1963 година и освоила две втори места на истиот маратон во 1966 и 1968 год. Победила и на меѓународните маратони Саида – Бејрут во Либан во 1962 год. на 40 км и на маратонот Кабрет – Исмаилија во Египет на 6о км.

Видиниќ Благоја (1934-2006), Еден од најдобрите голмани на Македонија и прв спортист од Македонија кој освоил олимписки медал. Бранел за „Вардар“ од јуниорскиот до првиот тим, почнувајќи од 1948 година. Бранел на 144 натпревари. Потоа бранел за „Раднички“ од Белград и за француски „Стразбур“. Бранел за младинската репрезентација на Југославија со која има освоено златен медал на турнирот на УЕФА во Франција. На Олимписките игри во Мелбурн 1956 година освоил сребрен, а на олимписките игри во Рим 1960 година освоил златен медал. Сопственик е на сребрен медал во дресот на Југославија во Купот на европските нации во Париз 1960 година, кадешто исто така бил прогласен за најдобар голман на турнирот.

Георгиевски Благоја – Буштур (1950-2020), македонски кошаркар и југословенски репрезентативец , бил тренер на МЗТ Аеродром и селектор на македонската репрезентација.

Гибсон Алтеа (1927-2003), американска тенисерка, прва црнкинка која го освоила Вимлбдон во 1957 година.

Давидовски Бранко-Мајка (1930-2018), македонски фудбалер и спортски новинар. Долгогодишен уредник на Македонското радио – Радио Скопје.

Идриз Енвер, роден во Сарај. Тој е познат спортист и светски шампион во карате;

Илиевски Димитар – Мурато (1953-1989), македонски алпинист и првиот Македонец кој што го освоил Монт Еверест. За своите достигнувања одликуван е со голем број награди и признанија меѓу кои и наградата „11 Октомври“, како и наградата Cпортист на годината за 1989 година. Во 2008 година постхумно е одликуван со „Медал за заслуги на Македонија“.

Истатов Благој (1947-2018), голман и поранешен репрезентативец на Југославија, Шампион на Југославија со ФК „Партизан“ во сезоната 1975-76.

Кузмановски Петар, Таста (1952-2018), ракометар. Има најголеми заслуги за подем на многу македонски ракометари во текот на 80-тите години.

Милошевски Лазо (1926-1963), еден од најдобрите атлетичари во Македонија на сите времиња. Апсолутен првак на Македонија на куси патеки. Прв атлетичар од Македонија кој станал член на репрезентацијата на Југославија на 4оо m. и 4 х 4оо m. Има освоено златен медал на Балканијадата во Букурешт во штафетата 4 х 4оо m. и четврто место во трката на 2оо m.

Нестор Нико (1934-2015), пливачки маратонец. Член на клубот „Охридски бранови“. На републичките првенства има освоено 14 први места со повеќе републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. Тој е прв македонец кој го препливал Охридското Езеро од Свети Наум до Струга во 1958 година, за 11 часа и 28 минути. Во 1959 год. Станал првиот пливач од Југославија кој го препливал Ла Манш. Истата година бил избран за најуспешен спортист во Македонија.

Ничевски Ристо (1945-1996), еден од најдобрите македонски шахисти.

Савин Климе (1941-1995), македонски пливач и спортски работник.

Салиевски Сефер (1948-1973), еден од најпознатите македонски борачи во слободен стил, репрезентативец на Југославија. Првиот златен медал го освоил на младинската Балканијада во 1965 година во Љубљана. Во 1968 година освоил златен медал во младинска конкуренција во Констанца и бил прогласен за најуспешен борач. Освоил два бронзени медали на европските првенства во сениорска конкуренција 1970 и 1972 година, сребрен медал на Медитеранските игри во Измир 1971 година, а учествувал на Олимписките игри во Минхен во 1972 година каде што го освоил 9-то место. Првак на Југославија во 1965 и 1968 година.

Салџиева Нада Ицева (1934-2005), падобранка и падобрански инструктор, член на Аеро клубот Скопје. Првенка на Југославија 1956 во Вршац, 1958 во Белград, 1959 во Тиват, 1960 и 1964 година во Битола. Сопственик на неколку југословенски и македонски рекорди. Како репрезентативка на Југославија настапила на Светскиот куп во Тиват 1957 и 1959 и во Порторож 1963 година. Прогласена за најдобар спортист на Македонија за 1956 година.

Синадиновски Војче (1932-2001), осноположник на одбојката во Македонија, творец на „Вардар“, со кого влезе во Првата лига на Југославија и стана шампион. Бил селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија.

Солдатов Никола (1926-1989), доајен на спортското новинарство. Во Радио Скопје бил уредник на младинската и спортската програма и бил спикер. Вршел преноси од спортските и други манифестации од 1966 до 1986 година кога преминал во Македонската телевизија. Во својата кариера има извршено повеќе од 1.000 преноси.

Сотировски Кузман Чокалија (1908-1990) македонски олимпиец.

Тевчев Тодор, Баки Малиќи, Светислав Костовски, спортски кошаркарски легенди кои дале голем придонес за македонската кошарка и за развојот на овој спорт кај нас. Предлог: улиците околу спортската сала Работнички да бидат именувани со нивните имиња, или со имиња на други спортски легенди.

Трстена Шабан, истакнат спортист и добитник на олипмиска медала, учесник на голем број на балкански, европски, средноземсики и светски натпревари. Роден во Скопје.

Шулинчевски Петар (1938-2015), еден од најдобрите фудбалери на „Вардар“. Кариерата ја почнал во „Преспа“ од Ресен, играл и за битолски „Пелистер“, но најмногу се прославил со своите игри и голови во дресот на Вардар. Играл со генерацијата која го има освоено Купот на Југославија во 1961 година. За „Вардар“ има одиграно 317 натпревари и постигнал 190 голови. Играл и за „Мустангс“ од Чикаго. Бил и тренер на првата екипа на Вардар и координатор на младинските селекции.

Реклама
Реклама

Италија

Италијапред 12 часа

Заканата од тифозите вроди со плод: Милан ја уништи Венеција за 29 минути (Видео)

Милан не забележа ниту една победа во првите три рунди во Серија А, па затоа мечот од четвртото коло против...

Италијапред 14 часа

Прв вистински кикс на Тиаго Мота: Јувентус остана без муниција на „Карло Кастелани“

Тиаго Мота не креваше паника по ремито со Рома на домашен терен пред две недели, но тренерот на Јувентус денеска...

Италијапред 17 часа

Де Роси ја објаснил ситуацијата со „замрзнатиот“ Залевски

Италијанските медиуми го преселија Никола Залевски во редовите на Галатасарај, но неуспешните преговори со турскиот клуб спречија вакво сценарио и...

Италијапред 18 часа

Мајката на Рабио: Јувентус никогаш не бил опција

Адријан Рабио реши да се раздели со Јувентус по завршувањето на договорот со италијанскиот клуб, но иако слободен агент, досега...

Италијапред 21 час

Лофтус Чик за лошиот старт на Милан: Мора да ја погледнеме големата слика…

Милан не тргна во новата сезона како што се очекуваше и во првите три кола во Серија А освои само...

Реклама

Популарни