Лига на шампиони
Коментар: ЕХФ претплатен за грешни проценки, Вардар пак им ги замрси сметките!

Не толку одамна, во 2017 година, ЕХФ објави текст на германскиот новинар Бјорн Пазен со наслов „Пет причини зошто Флензбург ќе оди на Финал 4“, токму пред одигрувањето на мечот од четвртфиналето на ЛШ каде што споменатиот германски тим играше со Вардар.
Како што покажа историјата, Вардар беше тој што замина за Келн, а од таму се врати со шампионскиот трофеј. Оваа година на 19 март, ЕХФ ја објави ранг-листата на фаворитите за трофејот во форма на анкета меѓу специјализирани новинари. Ништо чудно, Вардар беше на шесто место, а Пик Сегед на трето!
И откако констатираа дека нивниот фаворит со полна мрежа си заминува од Скопје, на официјалниот „Твитер“ на ЕХФ, коментарот по првиот меч и предноста од осум гола на Вардар сепак има прашалник на крајот.
RESULT: 2 big away wins yesterday but an even bigger home win tonight: @HCVardar beat @pickhandball by 8⃣ goals in the first leg of the #veluxehfcl QF
The 2017 champions close to another trip to Cologne? #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/9MxtACrsEb— EHF Champions League (@ehfcl) April 25, 2019
– Дали шампионите од 2017 година се блиску до уште еден пат во Келн?
Па, Пик Сегед сигурно – не е! Најблаго кажано, Вардар е сега засега поблиску до Келн отколку унгарскиот тим. Би можеле да составиме уште 10 други реченици во кои логиката вели дека 8 гола предност се момент за респект, но чудно е што ниту една таква не им текнала на зачудените мајстори на сплетките.
Сосема на крај, во коментарот за онаа изјава околу финансиите на Самсоненко, предупредив дека е можно тајмингот да биде темпиран, па затоа ќе ја повторам констатацијата: Едноставно, не можам да се оттргнам од впечатокот дека со ваквата најава се намамуваат противниците во психолошка војна дека им претстои веќе добиен меч, а потоа „да се удават во матниот Вардар“.
Грешните проценки на ЕХФ не им служат на чест, но се добра инспирација за „црвено-црните“. Очекувам дека тоа ќе го потврдат на 5 мај во реваншот.
Александар Табаковски
-
Англијапред 20 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 22 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)