Светски првенства
Коментар: Червар „на екстерно“, играчите си ја олеснија душата

Од Мец за „Дерби“, Александар Табаковски
Тунис повторно падна под налетот на македонските репрезентативци, во тврд натпревар сличен на претходниот мондијалски дуел во Катар, а најголемата придобивка од него е залечувањето на раната од Гдањск со што нема да се дозволи оваа африканска земја да стане наш комплекс.
Не е дека беше незаслужено, но мора да се потсети дека во 42 минута Тунис водеше со 24:20. Карактерот што го покажаа Лазаров, Стоилов, Манасков, Миркуловски, Џомба, Талески – едноставно речено – вредеше „суво злато“ и донесе пресврт во кој и Никола Маркоски се запиша меѓу стрелците. На дело беше демонстрирана добрата физичка подготвеност, како и менталната цврстина за да се стигне до 28:28 за 10 минути, а во последните седум да се направат уште четири гола предност. Ако го гледаме натпреварот само во последните 18 минути, Македонија даде 14, а Тунис само 6 гола.
Анализата на Тунис може да покаже дека четворица играчи се предводници на тимот: Бугами со 9 гола, Теж со 7 гола, Жалуз и Банур со по 5 гола. Тие дадоа 26 од сите 30 погодоци на тимот, а заедно со Саед и Санаи вкупно имаат шест имиња кои се запишаа во листата на стрелците. Во бројките на Македонија предничи играчот на натпреварот Лазаров со 12 гола (4 од пенал), па Манасков и Стоилов (8 и 7), а за целосниот попис тука се и имињата на Миркуловски (3), Георгиевски и Талески (по 2) и Никола Маркоски.
Кога се ќе се стави на едно место: сите споменати имиња се дел од „операцијата Гдањск“, па токму затоа успехот има зацелителни својства. Од друга страна, многу мал дел од успехот би можело да се рече дека припадна на „новата Македонија“ што ја ветуваше Червар. Факт е дека додека игравме одбрана 5-1, не успеавме да направиме разлика како што тоа ни појде од рака во финишот кога игравме 6-0. Факт е и тоа дека во последните 10 минути „ни тргна“ играта со двајца пикери, па постигнавме неколку гола за разлика од првото полувреме, но треба да се запрашаме и колку погодици примивме додека игравме напад со 7 играчи? Неколку клучни одбрани дојдоа во моментите кога можевме да примиме голови во таква игра, па навистина не можеме со леснотија да ја оцениме замислата на хрватскиот стручњак како причина за победа.
Целиот кредит за триумфот оди кај играчите и нивниот инает да го победат Тунис и да ги порамнат сметките! Никој не очекува магично стапче, па засега може само да се констатира дека насоката е добра, но оценката за работата на Червар ќе се формира со другите натпревари. Голманите Колев и Трајковски меѓу петте дебитанти добија најголема шанса да се докажат во новата околина, но во стратегијата на Червар нивниот скор од 10 одбрани во 40 шута е 25%, но парадоксот лежи во тоа дека Мисаоу и Соуси со 14 одбрани во конвенционален стил од 48 шута имаат подобар скор (29%). Нелоски е единственото ново име кое доби минутажа, додека Стефан Дрогришки и Мартин Поповски останаа на клупата.
Победата е најважна во овој момент, сепак станува збор за два мундијалски бода, но останува да очекуваме во индина се повеќе и повеќе да го запознаваме лицето на ветената „нова Македонија“ која планира да стигне до Токио во 2020 година!
-
АТП22 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Италија2 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија4 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија5 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија22 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија21 час
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија5 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија21 час
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)