Поврзете се со нас

Европски првенства

Комедија од Глазгов: Шкотски фан ја изнасмеа Твитер заедницата со бесната реакција за случувањата на теренот (Видео)

Објавено

на

Фудбалска Шкотска се надеваше на голема победа над Хрватска и големо славје во Глазгов, но наместо тоа, „коцкестите“ ја покажаа своајта поголема класа и искуство во второто полувреме и со два гола си обезбедија билет за осминафиналето на Европското првенство.

По нерешените 1:1 кои им даваа надеж на двата тима, главната разлика на теренот ја направија Лука Модриќ и Иван Перишиќ со двата погодоци во вториот дел, а како тие биле прифатени од страна на шкотските фанови најдобро ни доловува едно видео од пред стадионот во Глазгов.

Покрај присутните гледачи на „Хампден парк“, голем број беа возбудени и пред стадионот, а еден кадар од телевизискиот пренос предизвика голема смеа на Твитер заедницата.

Шкотскиот фан во нервоза имаше намера да удри во масата, но работите тргнаа во погрешна насока и брзо неговиот обид стана вирален хит…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни