Поврзете се со нас

Германија

Коман го информирал Баерн за својата конечна трансфер одлука

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Кингсли Коман првпат после долги години се најде на листата на потенцијални заминувања од Баерн Минхен, па иако беше превдидено оваа вечер да направи трансфер во Ал Ахли, на крајот францускиот репрезентативец решил да ја одбие понудата од Саудиска Арабија.

Иако Баерн слушал понуди за крилниот напаѓач, баварскиот великан во ниту еден момент не го присилил Коман да го напушти клубот, а во недостаток на атрактивни понуди од Европа, Коман на крајот решил да остане барем уште една сезона на „Алијанц арена“.

Кингсли ова попладне ја информирал управата на Баерн дека не ја прифаќа понудата од Саудиска Арабија, по што е подготвен да работи напорно и да се бори за своето место во тимот на Венсан Компани.

Иако Коман во изминативе неколку дена се поврзуваше и со Барселона и со враќање во ПСЖ, на крајот испадна дека двата клуба не се подготвени за посериозни понуди, поради што како единствена активна остана онаа од Ал Ахли.

Истата не се покажа како доволно атрактивна за Французинот, без разлика на тоа што Французинот ќе заработуваше двојно повеќе од тоа во Баерн.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни