Поврзете се со нас

Германија

Коман: Ако играв на СП, сега ќе бев без сопруга и деца!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Кингсли Коман пристигна во Баерн Минхен како талентирано момче од Јувентус, но во изминатите десет години прерасна во вистински маж и стана сопруг и родител како член на баварскиот великан.

Коман држи апсолутен рекорд и 11 години по ред е национален шампион, па иако се чини дека оваа неверојатна низа ќе биде прекината од Баер Леверкузен, Французинот со насмевка се навраќа на сето она што го оствари во споменатиот период.

Французинот двапати беше француски шампиони со ПСЖ, еднаш со Јувентус, а досега има осум последовалтени титули со баварскиот великан, клуб во кој се гледа себеси уште долго време.

– Дојдов во Баерн како 19-годишно момче, а сега имам речиси 28 години. Многу спомени создадов тука, клубот навистина многу ми значи. Многу сум среќен и горд сум што ги бранам боите на Баерн. Долго сум тука, но крајот не е блиску, – вели Коман.

Брилијантниот Французин имаше можност да биде дел од сите големи успеси на Баерн изминатите повреди, но за жал повремено неговата кариера ја одбележаа и повредите, а поради една го пропушти Светското првенство на кое неговата Франција стана шампион (2018-та година).

– Понекогаш некое лошо е за добро. Јас добив благослов што не играв на Светското првенство. За време на мундијалот ја запознав девојката која сега е моја сопруга. За време на мундијалот во 2018-та година, ја запознав мојата сопруга. Ако играв на Светско првенство, сега немаше да имам сопруга и деца. Понекогаш добивате благослов кога мислите дека се е црно за вас. Секогаш мора да бидете позитивни и да гледате напред, понекогаш некои работи се случуваат со причина. Таков е животот, – потенцира Коман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни