Поврзете се со нас

Велосипедизам

Колумбискиот велосипедист Кинтана удрен од автомобил за време на тренинг

Објавено

на

Колумбиецот Наиро Кинтана важи за еден од најдобрите велосипедисти во моментов, а денеска доживеал несреќа за време на вообичаен тренинг.

Кинтана бил удрен од автомобил и иако не е во животна опасност, првите информации велат дека заработил повреда на коленото поради која ќе мора да паузира одреден период.

Колумбиецот неодамна го замени тимот Мовистар со француски Аркеа-Самсик, а се очекуваше да им се врати на официјалните натпревари веќе следниот месец.

– Наиро Кинтана е удрен од возило за време на тренинг, ќе информираме за неговата состојба веднаш штом имаме детални информации, – стои во соопштението на неговиот клуб.

По триумфот на Џиро д’Италија во 2014 година, Кинтана победи и на Вуелта во 2016 година, а два пати го освојуваше второто место на Тур де Франс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни