Колумбиски репрезентативец добива смртни закани поради црвениот картон на СП

sancez-crven

Колумбија загуби од Јапонија на својот прв натпревар на СП, а важна улога во поразот имаше и црвениот картон кој го заработи Карлос Санчез уште на почетокот на средбата, а по кој противникот поведе од пенал.

Медиумите пренесуваат дека Санчез добивал смртни закани преку социјалните мрежи, по што и колумбиските власти морале да се вклучат во истрагата и да ги следат пораките кои ги добива репрезентативецот.

Во Колумбија се посебно внимателни на оваа тема, откако во 1994 година дефанзивецот Андрес Ескобар беше застрелан неколку дена откако постигна автогол на натпревар на СП во САД.

Facebook Коментари