Поврзете се со нас

Англија

Колумбиската влада откри дека таткото на Диаз е киднапиран од познатата милитантна група

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Луис Диаз ги пропушти последните два меча кои ги одигра Ливерпул, а причина за тоа е семејната драма која ја доживува фантастичниот колумбиски фудбалер.

За време на викендот, неговите родители биле киднапирани и зарабони во јужноамериканската земја и после неколкучасовна акција беше ослободена неговата мајка, но по неговиот татко се трага веќе петти ден.

Колумбиските власти ја контролираат операцијата во пронаоѓање на таткот на Диаз, за кого денеска се објави и официјално соопштение и се откри дека е заробен од страна на колумбиската национална ослободителна армија, позната како ЕЛН.

Оваа милитантна група е позната и по терористички акции и неколку државни удари, па се очекува преговорите да не одат баш лесно без оглед на фамата која се крена за таткото на фудбалерот.

– Денеска официјално дознавме дека киднапирањето извршено на 28 октомври, во Баранкас било извршено од единица за распоредување која припаѓа на ЕЛН. Иако мајката на фудбалерот Диаз беше ослободена неколку часа подоцна, таткото на играчот е киднапиран веќе пет дена.

– Како делегација на Националната влада за мировни разговори со ЕЛН, ја изразуваме сета наша солидарност со Луис Дијаз, неговото семејство, со целата земја и со милионите следбеници на играчот во светот.

– Бараме ЕЛН веднаш да го ослободи г-дин Луис Мануел Диаз и потсетуваме дека нивна одговорност е да гарантираат за неговиот живот и интегритет, – гласи објавата на колумбиската влада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни