Италија
Колумбиецот кој ги бранеше боите на Интер пред осум години: Станав алкохоличар и скокнав од балкон
Фреди Гуарин пред десетина години важеше за еден од најопасните играчи за врска во италијанската Серија А, од едноставна причина што Колумбиецот импресионираше со својот физикус и цврстина, но и со разорниот удар.
Играчот за врска се задржа четири години во Милано и ги бранеше боите на Интер од 2012-та до 2016-та година, по што направи трансфер во редовите на Шангај Шенхуа.
Пред да се пресели во Кина, Гуарин открива дека имал повремени лоши епизоди со алкохолот, но кога пристигнав во Азија, се претворил во вистински алкохоличар.
– Алкохолот ми стана секојдневние уште во Италија, но таму знаев како да се справам. Ќе се напиев два дена пред меч, ќе постигнев гол или два и мојот тим ќе победеше. Изгледаше добро, но така започна се што не беше добро. Пиев дома, во ноќни клубови, во ресторани. Веќе имав оформено семејство и тоа беше многу лошо од моја страна, бев свесен дека се што правам е лошо. Потфрлив во секој можен поглед, во фудбалски поглед, во семеен поглед……
– Во еден момент до толку бев заслепен од алкохолот, што мора преку мојот агент да ме известат дека веќе не можам да останам во Милано. Клубот ме предупреди дека веќе не смеам да бидам дел од тимот.
– Тогаш заминав во Кина, а од првиот момент кога стапав таму, станав вистински алкохоличар. Одев на тренинг со воз, а оттаму директно одев на пиење. Одморав по малце, тренирав, а потоа цело време пиев. Сите денови ми минуваа исто, се почувствував подобро дури откако се вратив во Јужна Америка, или поточно во Бразил, – се исповеда Гуарин, потсетувајќи се на трансферто во Васко де Гама.
– Во првите шест месеци во Бразил бев најсреќна личност во светот, но потоа следеше Ковид пандемијата. Тука уште подлабоко нагазив со алкохолот, пиев и по 50 пива во ноќ. Целосно загубив контрола, завршував во фавелите и барав опасност и адреналин. Се сеќавам дека имав серија од десет последователни дена во кои бев постојано пијан. Живеев на 17-ти спрат во една зграда, па во еден момент толку бев надвор од реалноста, што скокнав од балкон. Чиста среќа е што имало мрежа пред балконот и таа ме врати назад. Во тој момент сфатив дека тоа ми е втора шанса. Сфатив дека ако повторно се напијам, ќе завршам трагично. Се надевам дека оваа моја исповед ќе стигне до многу страни на светот, се надевам дека ќе допре до многу луѓе и дека ќе спаси животи, – вели Гуарин кој се пензионираше во 2021-ва година.
-
Шпанија11 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Свет24 часа
Кјелини за дебатата Меси или Роналдо: Ако треба да изберам еден за финале…
-
Италија23 часа
Лацио го исфрли Наполи од Купот на Италија (ВИДЕО)
-
Формула 111 часа
Расел му одговори на Ферстапен, Макс повтори дека е шокиран од случувањата во Катар
-
Свет10 часа
Ван дер Варт го нарече себичен, Роналдо му одговори брутално на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија14 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ испорача трипл-дабл за историја, Денвер не успеа да му парира на Кливленд
-
Евролига23 часа
Партизан со лекција за европскиот шампион, Барселона ја прекина црната серија во Евролигата