Поврзете се со нас

Македонија

Колумбиецот Херера се врати во Македонија и потпиша за Брегалница

Објавено

на

Тимот на Брегалница доби уште едно засилување, засилување кое многу добро го познава нашиот фудбал.

Нов член на клубот од Штип е колумбискиот интернационалец Себастијан Херера кој во новата средина доаѓа од МТК Будимпешта, поточно до неодамна беше соиграч со нашиот репрезентативец Бојан Миовски.

Херера пред да замине од Македонија играше во Работнички и тој има македонски пасош што значи дека ќе може да настапува како домашен играч.

Брегалница во овој преоден рок уште ги доведе Адис Хаџановиќ, Фајсел Касми, Горан Силјановски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Александер Борха Кордоба, Александар Ристевски, Иван Николов, Патрик Џалто и Немања Шчекиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни