Поврзете се со нас

Европски првенства

Коло Муани застана во одбрана на Мбапе: Ништо не се гледа…

Објавено

на

foto:x.com/equipedefrance

Франција иако не блеска се уште е жива и е во игра за титулата на Европското првенство, цел од која ги дели само два чекори, два предизвици и тоа Шпанија и победникот од дуелот Холандија-Англија.

Многу повеќе се очекуваше од „триколорите“ особено од офанзивците со тоа што прв план мора да се стави Килијан Мбапе. Мбапе има дадено само еден гол на цел турнир и тоа со удар од 11 метри против Полска.

Тоа е премалку за играч од таков калибар со тоа што постојано се бараат оправдувања, поточно најмногу се говори за заштитната маска која ја носи поради скршениот нос. Едноставно Мбапе не може да се снајде со истата, а дека е проблематична говори и напаѓачот Рандал Коло Муани.

-Навистина ништо не гледаш, ништо, -вели Коло Муани кој застана во одбрана на Килијан.

-Ова е природно за него. Тој ја има оваа дарба да го носи тимот, групата. Им дава идеи и совети на играчите, роден за ова. Тој е роден да ја носи групата нагоре.

-Да го гледаме како не постигнува гол, наше е да му помогнеме, да го туркаме. Натпреварувањето не е завршено. Освен неговиот мал скршен нос, тој е физички добро, -порача напаѓачот на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни