Светски првенства
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)

Селекцијата на Аргентина стана нов светски шампион и тоа откако во чудесното финале во месец декември успеа да слави над Франција по изведување на удари од 11 метри.
„Гаучосите“ можеа многу порано да го решат победникот, испуштија предност од 2-0, потоа во продолжението дадоа први гол за водство од 3-2 за да на крајот можеа да добијат и ладен туш и тоа во судиското продолжение на вторите 15 минути со оглед на тоа што Рендал Коло Муани се најде во идеална, 100 процентна позиција, ама голманот Емилијано Мартинез имаше чуденска интервенција со која средбата ја однесе на пенали каде имаше свое шоу.
Токму Муани по повеќе од еден месец од финалето се отвори и проговори како се чувствува, но и што можел да направи во таа ситуација.
-Се уште ја гледам таа шанса, ја знам на памет. Првото нешто што го помислив кога ја добив топката беше: „Еве ја топката Рандал, мора да шутираш“. Се обидов да шутирам крај блиската статива, ама голманот на Аргентина фантастично интервенираше. Кога ќе погледнам назад, сфаќам дека имав други опции. Можев да го лобувам, можев да го проиграм Коријан Мбапеа кој беше сам од лево. Единствено што не го видов точно додека траеше акцијата, сè се случи многу брзо. Дури потоа гледајќи ги снимките, открив и други можности. Беше предоцна. Сè уште имам кнедла во грлото, така ќе биде засекогаш, -вели членот на Ајнтрахт Франкфурт.
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
Балканпред 24 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)