Поврзете се со нас

Италија

Коло Муани искрен за статусот во ПСЖ: Не ги искористив своите шанси

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Рандал Коло Муани неутрализираше дел од офанзивните проблеми на Јувентус и експресно испорача посакувани голови по доаѓањето во Торино во јануари, а сега и самиот не ја исклучува можноста да остане во актуелниот клуб подолг период.

– Мојата желба е да играм и да се забавувам. Ако работите се одвиваат како досега, не гледам зошто да исклучам останување во Јувентус. Овој клуб широко ми ги отвори вратите, – рекол Коло Муани.

Францускиот репрезентативец дојде на заем од ПСЖ, каде не беше во прв план кај тренерот Луис Енрике, статус за кој самиот смета дека бил заслужен и самиот.

– Како француски фудбалер во ПСЖ, посебно фудбалер кој чинел 90 милиони, бев под голем притисок, а не секој може да се носи со такво нешто.

– Јас очигледно не можев. Имав свои шанси, но не ги искористив. Тоа е болно, но фудбалот е таков. Се обидов, не успеав и не жалам за ништо што сум го направил во кариерата, – истакнал Французинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни