Поврзете се со нас

Италија

Коло Муани човек на одлука, Јувентус дојде до десеттата победа во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Јувентус ги искористи шансите и дојде до победата на вечерашниот меч против Комо (2-1) во италијанската Серија А.

Одново во фокусот беше зимското засилување Коло Муани кој во третиот натпревар за „бјанконерите“ дојде до петтиот погодок. Французинот оваа вечер ги даде двата погодоци за својот тим, првиот во 34 минута, вториот во 89 минута кога остана мирен и реализираше од белата точка за три големи бода на клубот од Торино.

Комо пак ќе жали што не оствари позитивен резултат затоа што упати двојно повеќе удари од противникот, повеќе ја имаше топката во своите нозе, но сетоа тоа е залудно затоа што на крајот го претрпи 12 лигашки пораз.

Четата на Мота со 43 бода се наоѓа на 4. место на табелата.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни