Поврзете се со нас

Италија

Коло кое ќе се памети: Ова не се случило во Серија А цели 63 години

Објавено

на

Интер ја совлада Фиорентина со 1-0 и со тоа се врати на првото место на табелата и тоа во пресврт на големото дерби со Јувентус закажано за 4 февруари на „Џузепе Меаца“.

„Нероаѕурите“ имаа и среќа во Фиренца затоа што домаќините не реализираа пенал преку Николас Гонзалес кој шутираше многу лошо во 76 минута. Токму тој пенал на Аргентинецот само ја продолжи серијата на неискористени удари од белата точка во 22.коло, поточно се повтори ситуација која не се случила уште од кампањата 1960-61.

Во таа сезона биле промашени пет удари од страна на Јувентус, Наполи, Торино и Леко (2), ситуација која сега одново се случува со тоа што оваа рунда ќе заврши со вечерашниот меч Салернитана-Рома што значи постои можност да се постави нов негативен рекорд.

Инаку во актуелново коло пенали не реализираа Жиру и Ернандез од Милан, споменатиот Гонзалес од Фиорентина, Крстовиќ од Лече и Дуда од Верона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни