Поврзете се со нас

Светски првенства

Колина и Бусака го потврдија статусот на Пројковска: Македонката ќе суди на престојното женско СП во Колумбија

Објавено

на

ФИФА денеска ги објави имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на престојното Светско првенство за фудбалерки на возраст до 20 години.

Домаќин на овој младински мундијал ќе биде Колумбија, а Ива Пројковска ќе биде само една од петте европски судии кои се избрани за овој престижен турнир.

Пројковска последнава сезона судеше и во полуфиналето на женската Лига на шампиони, па заслужено е избрана да дели правда и во јужноамериканската земја.

Покрај Македонката, од Европа свој претставник ќе имаат и Романија (Деметреску), Италија (Фереира Капути), Шпанија (Уерта де Аза) и Хрватска (Мартинчиќ).

Пројковска е една од 18 главни судии за овој турнир, а ќе ја дели правдата во комбинација со судијки од Швајцарија и Франција,

– Овој мундијал во Колумбија е следниот важен настан во подготовката на потенцијалните кандидати за судење на СП за сениорки во 2027 година, – рекол Пјерлуиџи Колина, првиот човек на судискиот комитет на ФИФА, чиј најблизок соработник е Масимо Бусака, уште еден поранешен елитен судија на УЕФА.

На ова У-20 СП во женска конкуренција ќе биде тестиран и системот „Футбол видео сапорт“ кој подразбира поинакво користење на технологијата и можност за челинџ од страна на селекторите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни