Поврзете се со нас

Германија

Колер знае зошто Алаба си заминува од Баерн: И јас истото го направив

Објавено

на

blank

Давид Алаба по крајот на оваа натпреварувачка сезона си заминува од Баерн Минхен од клубот на кого многу му даде во изминатава деценија.

Тој како слободен играч си оди од „Алијанц Арена“, а која ќе биде неговата следна дестинација се уште не е познато, решено, поточно има само гласини, шпекупации, ама не и официјална потврда. Додека се чека нова вест, на оваа тема проговори некогашниот германски репрезентативец, ас кој освојуваше титулу како со Баерн така и со Борусија Дортмунд-легендарниот Јирген Колер.

Според Колер, Австриецот си заминува од Минхен поради само една причина, а тоа се парите.

-За него тоа нема да биде чекор назад иако Баерн е еден од трите најдобри клубови во Европа и не мора да се крие од никого во однос на спортски и економски учинок. Тој сигурно го прави овој чекор пред се поради парите, јас тоа можам да го разберам тоа. Сега има 28 години и ќе потпише четири или петгодишен договор.

-Може да ми каже што сака, неколку евра играат голема улога. Ама не можете да му замерите ништо на играчот. Тоа е легитимно и повеќето истото би го направиле, -вели Колер кој своевремено од Баерн премина во Јувентус.

-Како професионален фудбалер, имате само неколку години во кои можете да ја практикувате оваа професија. Може да се појават и сериозни повреди. Зиле двапати имаше проблем со вкрстените лигаменти, може да ви каже збор или два. За среќа, Алаба досега беше поштеден од тоа.

-Го напуштив и Баерн поради парите. Секако, преселбата во Италија беше исто така многу добра за мене. Особено во однос на развојот на личноста. Но, тоа навистина не беше мојата прва мисла. Ќе беше убава бајка ако сега кажам нешто поразлично, -истакна Јирген за „Гол“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни