Формула 1
Колегата на Мик Шумахер во Формула 1 со изненадувачка изјава: Не ми е гајле за неговото име, не сме пријатели

Тимот на Хас следната натпреварувачка сезона во ќе биде сочинет од двајца дебитанти во Формула 1.
Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик како и рускиот пилот, Никита Мазепин ќе седат во болидот на тимот кој шанса им даде на младите возачи откажувајќи се од искусните Кевин Магнусен и Роман Грожан.
Пред извесен период Мик Шумахер зборуваше за односот кој го има со Мазепин истакнувајќи дека на почетокот биле во добри односи, а потоа само се оддалечиле.
– Тој беше многу добар и меѓу нас имаше големо почитување. Потоа изгубивме контакт и секако дека од тогаш и двајцата сме многу променети, -изјави Шумахер.
Младиот Русин, Мазепин сега даде неочекуван коментар кој звучеше многу поостро од тој на Мик Шумахер.
– Ние не сме пријатели, ние сме само стари познаници кои заедно возеа картинзи. Искрено не ми е грижа за неговото име. Тоа можеби значи поголема моќ, но исто така значи и поголем притисок за него. Кога јас ќе го спуштам визирот не размислувам на ништо освен на трката, -изјави Мазепин.

- Италијапред 21 час
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 20 часа
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 19 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 22 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 17 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 19 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 18 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 16 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч