Поврзете се со нас

Италија

Колашинац за својата магија во стилот на Озил: Нема да го гледате ова често од мене (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Сеад Колашинац беше најдобар пријател на Месут Озил во времето кога двајцата заедно ги бранеа боите на Арсенал, а од времето минато со поранешниот германски репрезентативец, очигледно левиот бек успеал да научи нешто и на технички план.

Дефанзивецот на Аталанта вчера режираше магичен потег на натпреварот против Јувентус, бидејќи тој беше главен креатор на третиот гол кој го постигна гостинскиот тим на „Алијанц стадионот“.

Колашинац со шмекерска пета го проигра Ѕапакоста кој погоди за 3:0, а по натпреварот, самиот им порача на новинарите дека нема уште многупати да видат ваков потег од него.

– Мислам дека нема да ме гледате често во таква улога во иднина, нема да дочекате уште такви асистенции од мене. Очигледно е дека сум среќен, не поради асистенцијата, туку поради победата.

– Планот од самиот старт беше да вршиме присиок против Јувентус и затоа сум горд на мојот тим. Освоивме големи три бода, но веќе треба да се насочиме кон следниот натпревар во домашното првенство, – изјави Колашинац.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни