Коларов ја „здрма“ гредата и постигна мајсторски гол, Пандев и Џенова освоија бод на „Олимпико“ (Видео)

roma-genoa

Рома и Џенова понудија втор трилер во првото коло во Серија А, нешто слично на она што вчера го изрежираа Фиорентина и Наполи на средбата која се одигра на „Артемио Франки“.

Синоќа Наполи имаше повеќе среќа и успеа да освои три бода со триумфот од 3:4, додека вечерва немаше победник на натпреварот кој се одигра на „Олимпико“ во Рим. Рома дури трипати имаше предност, но Џенова во три наврати демонстрираше голема истрајност во намерата да освои барем бод.

Ундер и Џеко погодија за Рома во првото полувреме, гостите во два наврати возвраќаа преку Пиамонти и Кришито, додека во второто полувреме видовме по еден гол. Александар Коларов ја „здрма“ гредата и постигна фантастичен гол од слободен удар за 3:2, но ниту тоа не беше доволно за победа на „волчицата“. Куаме израмни на 3:3 во 70-та минута, а тоа на крајот се покажа како конечен резултат на оваа возбудлива пресметка.

Горан Пандев доби шанса во самата завршница од средбата и ги одигра последните 10-тина минути, заменувајќи го стрелецот Пиамонти.

Facebook Коментари