Поврзете се со нас

Англија

Кол за асот на Челси: Тој ме потсетува на Меси (ВИДЕО)

Објавено

на

Челси не успеа да слави на уште еден натпревар во низа во англиската Премиер лигата или поточно овојпат со гол во судиското продолжение се спасуваше од пораз во соочувањето со Борнмут на „Стемфорд Бриџ“.

„Сините“ одиграа доминатно прво полувреме, меѓутоа постигнаа само еден гол преку Палмер за да во вториот дел гостите се разбудат, бидат далеку поопасни и направат пресврт со головите на Клајверт и Семењо, предност која ја имаа се до 95 минута кога Џејмс од слободен удар ги постави конечните 2-2.

Инаку оваа средба беше посебна за Кол Палмер затоа што дојде до 14 сезонски гол во шампионатот или вкупно има учествувано во 20 голови на својот тим со што стана прв играч (на Челси) по Еден Азар (2013-14 и 2014-15) кој во две сезони во низа бил најмалку вклучен во 20 голови во ПЛ.

-Ме потсетува на Меси…не би сакал да му ставам таков притисок, -истакна Џо Кол за „ТНТ Спортс“ говорејќи за англискиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни