Поврзете се со нас

Англија

Кол со трансфер предлог до Модриќ: Одиграј уште една сезона во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ е во завршните месеци од договорот со Реал Мадрид и како што стојат работите нема да го продолжи престојот во шпанската престолнина, па медиумите веќе прогнозираат кој правец може да го фати искусниот хрватски маестро.

Модриќ не планира да се повлече и сака да одигра барем уште една сезона на највиско ниво, па поради ставот кој го има, Џо Кол како поранешен англиски репрезентативец сега му испрати интересен предлог.

Некогашната „десетка“ на Челси смета дека Модриќ би бил идеален за тимот на Покетино и во оваа фаза од својата кариера, бидејќи со своето искуство и квалитет може да прерасне во лидер на младиот состав од „Стемфор Бриџ“.

– Би сакал Челси да доведе постари играчи во претстојниот летен преоден рок, потребни се играчи кои ќе го диктираат темпото, очигледно е дека недостасува такво нешто.

– Нели Модриќ останува без договор на крајот од сезоната? Можеби ќе сака да одигра уште една сезона во Премиер лигата. Би сакал да видам такво нешто, па само погледнете колку им помогна на млади играчи како Камавинга, Чуамени и Валверде во Реал. Пример за такви играчи има и во Челси, – потенцира Кол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни