Англија
Кол со совет со Фернандеш: Ако сака титули…

Бруно Фернандеш веќе неколку години е убедливо најдобриот, најконстантниот играч на Манчестер Јунајтед, играч кој прави се што може да му помогне на великанот, но без разлика на тоа често е мета на критики од легендите на клубот, а и од дел од јавноста.
И во тековнава сезона има импресивни бројки, „дабл-дабл“ учинок од 16 голови и 15 асистенции, а со последната партија против Лестер каде намести два гола влезе и во одбрано друштво како шести играч на овој тим со 50+ асистенции во Премиер лигата.
Фернандеш влезе во одбрано друштво по новата импресивна партија во дресот на Јунајтед
Тој е капитен на Јунајтед, меѓутоа и веќе ја тера 31 година од животот, па некогашниот англиски репрезентативец Џо Кол го советува да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во тим кој ќе може да освојува титули.
-Да сум Бруно Фернандеш, апсолутно би барал заминување од Манчестер Јунајтед. Тој е првата пеперутка и ги добива сите стрели од сите. Тој мора да оди дома навечер и да се прашува зошто сите го критикуваат кога е единствениот што ја влече својата тежина во овој тим.
-Има и други кои се во ред, но тој буквално го влече клубот низ овој страшен момент. Кога сè ќе биде кажано и направено и Бруно ќе го напушти Јунајтед и можеби ќе се вратат на врвот, тие ќе погледнат наназад во оваа ера и единственото блескано светло ќе биде Бруно Фернандеш.
-Тој е фантастичен фудбалер и можете да го ставите во повеќето тимови, ќе напредуваше, мислам дека нема освоено лига во кариерата и дека треба да оди и да си докаже дека може да игра во врвна екипа бидејќи води своја трка во Манчестер Јунајтед.
-Треба да го напушти тој клуб со сите; сопствениците, навивачите и менаџерот му даваат цвеќиња затоа што тој го добива целиот стап. И тоа е составен дел од тоа да се биде фудбалер на Манчестер Јунајтед, но како треба да се чувствува кога ги добива сите удари и покрај тоа што е тој што постигнува голови, асистенции и го води тимот напред. Тој е прекрасен играч и ако јас бев на негово место, ќе барав да одам и да играм во тим способен да освојува трофеи, -порача Кол.
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Македонија12 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар