Поврзете се со нас

Англија

Кол се наврати на предавничкиот трансфер од Арсенал во Челси: Мојот матичен клуб покажа непочит

Објавено

на

Foto:instagram.com/theofficialac3

Ешли Кол беше убедливо најдобар лев бек во Премиер лигата во првата фаза од новиот милениум, но во моменти кога изгледаше пресреќен и исполнет во матичниот Арсенал, реши да направи трансфер во директниот ривал Челси.

Овој „предавнички трансфер“ му донесе огромен број непријатели во Северен Лондон и со години беше нарекуван „Кешли“ од фан базата на Арсенал, која и ден денеска не може да му прости за директниот премин на „Стемфорд Бриџ“.

Иако поминаа речиси 19 години од фамозниот трансфер во Челси, оваа тема секогаш станува доста актуелна кога за неа зборува легендарниот лев бек, кој сега во поткастот на Питер Крауч се исповеда и откри зошто го повлекол непопуларниот потег.

– Се наоѓав во ситуација кога знаев колку вредам, а доколку не сакате да го платите она што го барам, немам никаков проблем да продолжам напред. Во мојата ситуација, Арсенал се согласи да плати одредена сума за која се договоривме. Се беше прецизирано, а потоа тие го извлекоа тепихот кој го постелија. Го прекршија ветувањето, а јас не можам да ви кажам зошто.

– Ја повлекоа понудата за која се договоривме и понудија друга. Ми беше тешко да си заминам од Арсенал, луѓето не можат да разберат под каков притисок бев во тоа време. На крајот си заминав поради тоа што се почувствував непочитувано. Од моја гледна точка, сметав дека клубот покажа непочитување кон мене.

– Арсенал беше клубот од моето детство и го живеев сонот, но решив да се откажам од него. Не побарав плати какви што имаа Анри и Пирес, побарав нешто за кое мислев дека вредам. Знаев колку вредам, а Арсенал како клуб го прекрши зборот и ветувањето кое ми го даде, – порачува Кол.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни