Поврзете се со нас

Англија

Кол разочаран од трансферите на Јунајтед: Дали купуваме на ист „пазар“ со другите клубови?

Објавено

на

Енди Кол е незадоволен од трансфер потезите на неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, а во последното интервју го искористил примерот со трансферот на Антони.

Бразилецот ги разочара фановите со своите настапи, а според Кол, тој е вистински доказ за погрешната стратегија на клубот.

– Понекогаш се прашувам кои се силните страни на Антони? Не успева да помине противнички фудбалери, не креира шанси и не постигнува голови. Тогаш кои се неговите квалитети?

– Плативме огромна сума за него, а погледнете го Брајтон со трансферот на Митома за 2,7 милиони фунти. Треба да се запрашаме каде Јунајтед ги купува своите фудбалери, бидејќи плати за Ентони 86 милиони фунти.

– Дали купуваме на ист „пазар“. Ова е како со „Прајмарк“ и „Зара“. Мислиш дека ако купуваш во „Зара“ добиваш подобар квалитет, но излегува дека е истиот квалитет со производ од „Прајмарк“, а си платил повеќе за него.

– Кога ќе ги погледнете трансферите направени последните 10 години, тоа се многу потрошени пари. Другите клубови би платиле помалку за истите играчи, како да има посебен данок за Манчестер Јунајтед. Не можеме да продолжиме вака, – рекол Кол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни