Поврзете се со нас

Англија

Кол: Покетино ја има најтешката работа во светот на фудбалот

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Маурисио Покетино ја привршува својата прва сезона на кормилото на Челси, клуб во кој беше доведен да донесе големи резултати, победнички менталитет, меѓутоа ситуацијата е сосема спротивна, екипата е далеку од самиот врв во Премиер лигата, а не е освоен ниту еден трофеј.

Има доста критики, прашалници кога е во прашање аргентинскиот стратег, но има и такви кои сметаат дека тој заслужува максимална доверба, поддршка да остане и го води тимот и во наредната кампања.

-Дали е беспрекорен? Челси не е таму каде што сака да биде. Тоа е факт, знаете, не е таму каде што треба да биде. Со парите што тие ги потрошија и играчите што влегуваа и излегуваа на врата, мислам дека Маурисио прави фантастична работа. Мислам дека тој ја има најтешката работа во светскиот фудбал, затоа што мислам дека е јасно дека нема целосна контрола кога се во прашања засилувањата и играчите кои си заминуваат. Тоа е сигурно.

-Очекувањата се огромни и со право, затоа што се навикнаа на тоа во последните 20 години, Челси беше добар како и секој клуб во Европа, веројатно исклучувајќи го Реал Мадрид, во смисла на освојување трофеи кои се натпреваруваат во оваа лига. Затоа, тие треба само да се држат со него и да одат напред. Менувањето на менаџерите, ви ветувам, не е вистинскиот пат, -порача Џо за „ТНТ Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни